Isomat

Циклама Инжинеринг е приватна семејна градежна компанија, основана во 1990 година во Гостивар. Основна дејност на компанијата е трговија на големо и мало со градежни материјали како и изведба на завршни работи во градежништовто.

Екслузивен застапник и дистрибутер е на производите од реномираните производители на градежни материјали: Isomat, Index S.p.A, SIKA, Revestech, System Leveling итн..

Циклама Инжинеринг се одликува со експедитивност и навремена услуга кон своите клиенти. Располага со голем асортиман на производи во својот дистрибутивен центар од каде што се врши дистрибуција на материјалите во сите поголеми градови од државата.

За потребите на малопродажба со свои продавници Циклама Инжинеринг е достапна во Гостивар и Скопје.

Во делот на изведба на градежни активности компанијата успешно се докажува, исполнувајќи ја референтната листа со учество во изведба на голем број репрезентативни градби низ државата каде што најчесто се јавува како изведувач на специфични сегменти од градењето како што се: изолатерски, хидроизолатерски работи, санации, подополагачки, керамичарски, фасадерски работи итн.

За професионалност, иновативност и квалитет во изведбените услуги Циклама Инжинеринг има свои сертифицирани изведувачи кои редовно се обучуваат со посета на технички семинари во тренинг центрите на деловните партнери од Грција, Италија, Шпанија итн.

Циклама Инжинеринг е секогаш во чекор со трендовите и новитетите во градежништвото и континуирано се стреми кон проширување на дејноста како и вработување на високообразован кадар.

Мисија на компанијата се задоволни клиенти со пред се квалитетни градежни материјали и услуги како и успешно реализирани проекти,

Мотото гласи: Знаеме како до сигурни технички решенија за секој проблем во областа на градежништвото.

INTRO CIKLAMA 4x3

 

  BN ISOMAT T 400  BN INDEX T 400  BN SIKA T 400
   BN SYS LEV T 400  BN REVESTECH T 400  BN PRONIL T 400